Инспиративни модни комбинации за на велосипед

Објавено на 16 август, 2014 во 07:02

Велосипедот е повеќе од превозно средство, тоа  е направа  за искажување на еколошки став, за здрав живот, фит- форма, но и за пренесување на стилска порака.

Со актуелизирање на социјалните мрежи и со засилување на влијанието на уличната мода, покрај модните парчиња  големо внимание се посветува и на животниот стил и личниот став што го искажуваат познатите и непознати лица „уловени“ од фотографите и блогерите.

 

Голем дел од нив инспирираат да ги замените моторните возила со велосипеди.

Тие докажуваат дека  возењето на велосипед не подразбира само спортски, лежерен и несредeн изглед. На велосипед можете да изгледате модерно, урбано, елегантно, па дури и свечено.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.