Рецепти кои ќе ве спасат од непријатна миризба на стапалата
Купка од јаболков оцет
Измешајте половина чаша јаболков оцет со две литри топла вода, па во оваа течност одмарајте ги стапалата еднаш дневно во траење од петнаесет минути.
Купка од кадуља и рузмарин
Дали сакате да си подготвите купка што ќе го замени непријатните мириси со пријатните ароми на лето, во зовирена вода (најмалку две литри), додадете една лажица сушен рузмарин и една лажичка или две сушена кадуља како да подготвувате чај. Ставете ги нозете во леген, кога состојките се споени а водата е изладена. Уживајте вооваа купка минимално15 минути дневно.
Купка од сок од лимон и сода бикарбона
Пријатен мирис на стапалата ќе ви даде и купкаод цитрус. Мешајте два литри топла вода со 50 грама сода бикарбона и сок од еден лимон исцеден, и топете ги нозете во оваа течност секој ден по 15 минути.
