Кога имате премногу шминка

Објавено на 28 октомври, 2014 во 08:18

Еве неколку знаци по кои ќе препознаете дека имате премногу шминка на лицето.

Луѓето не ве препознаваат без шминка

Ако ви се случува луѓето од вашето секојдневие да се запрепастат кога ќе ве видат без шминка, тоа е знак дека  треба да размислите…

Не излегувате од дома без шминка

Не можете да замислите да излезете на улица без шминка? Поголемиот дел од девојките исто размислуваат, но тенка е границата помеѓу љубовта кон шминкањето и опсесијата. Ако се шминкате дури и за теретана, на пример, тогаш под итно опуштете се.

Не се препознавате во огледало

Ова е уште една од најлошите работи што можат да ви се случат и се очигледен знак дека претерувате со шминката. Ако згора на сè се сметате помалку убава без шминка, тогаш имате проблем.

Постојано ја поправате шминката

Ако на секој час одите во тоалет или го вадите огледалцето за да ја поправите шминката, тоа не е добар знак. Не смеете да дозволите самодовербата да ви зависи од количеството шминка на лицето.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.