Прашокот за пециво како шампон

Објавено на 28 октомври, 2014 во 10:26

И покрај тоа што постојат многу врсти на шампони наменети за сите типови на коса, се повеќе жени се префрлаат на органски производи па не ретко посегнуваат по рецептите од своите баби за косата да им биде здрава и сјајна.

Еден од најдобрите состојки за домашен шампон е прашокот за пециво. Неговата најголема предност е тоа што во моментот се решава за првутот и различна нечистотија која е последица на хемикалии од кои секојдневно ги нанесувате на својата коса. Шампонот од прашак за пециво се препорачува за оние кои имаат проблеми со масни корени, бидејки во иднина оваа состојка во иднина суши. Се што треба да направите за да преминете на органски шампон е да измешате прашок за пециво со 3 чаши вода. Наведената смеса ќе ви биде доволна за неколку миења.

Доколку би сакале секој пат да спремите нова смеса, помешајте една лажица прашак за пециво и една чаша вода. Смесата протресете ја и нанесете ја на темето и со прстите протрите во вид на масажа.

Можеби на почетокот вашата коса ќе реагира малку чудно на оваа комбинација, но не се грижете се ќе биде во ред по неколку дена.

Исто така ако до сега секојдневно сте ја миеле косата, немојте тоа повеќе да го правите независно дали користите природен или комерцијален шампон. Миењето на косата секој втор ден ќе ви помогне за вашата коса и теме бидат здрави.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.