Како да ви трае црвениот кармин подолго!

Објавено на 30 октомври, 2014 во 10:36

Црвениот кармин е класичен избор кој секогаш е во тренд и од сезона во сезона е секогаш актуелен и модерен. Луксузен, елегантен и посакуван од милиони жени во светот.

Пред да нанесете кармин убаво исчистете ги вашите усни со тоник и чекајте да се засушат.

Потоа оцртајте ги усните со бел молив колку само да ги нагласите контурите и нивната форма. Следниот чекор е нанесувањето на црвен молив за усни. Полека следете ја белата линија од претходниот чекор и задебелувајте ја црвената како одите навнатре кон усните. Аглите од усните обојте ги целосно. Потоа доколку сакате но и не морате можете со четка нежно да го разнесете моливот.

Со четкичка полека нанесувајте го црвениот кармин на усните и распоредувајте правилно. На крај од кога ќе се засуши нанесете и сјај за усни. За подолго да ви трае нанесениот кармин земете малку бела пудра и потапкајте ги усните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.