Вратете го во живот стариот лак за нокти
Објавено на 4 мај, 2015 во 09:44
На сите ни се случило во нaјлошо време да забележиме дека омилениот лак за нокти не се исушил или згуснал. Додека да го замените со нов можете да го вратите во живот и да го направите повторно употреблив.
Веројатно ви е познат трикот кој со помош на ацетон можете да го разредите лакот. Иако е делотворен,тој трик не е совршен бидејќи ацетонот всушност ја разлага структурата на лакот и долгорочно му наштетува.
Наместо трик со ацетон лакот подобро ставете го во фрижидер. Оставете го во фрижидер преку ноќ и утре ќе биде ист како и првиот ден кога сте го купиле. За да не го уништите дејството најдобро е лакот постојано да го чувате во фрижидер.