Хранлива маска за брзо опоравување на оштетената коса
Објавено на 15 мај, 2015 во 10:07
Ако косата ви е сува и оштетена но не сакате да ја скратите,одењето на фризер можете да го доложите со помош на едноставна маска за заздравување на косата. За повторно да биде здрава и сјајна на косата и треба интензивна нега. Освен препаратите кои се за нејзини потреби косата барем еднаш неделно морате да ја почестите со хранлива маска.
Потребни ви се : пола банана,две лажици маслиново масло,две лажици мед,една жолчка.
Остојките добро измешајте ги и нанесете ги на цела коса.Доколку имате мрсна коса,маската не ја нанесувајте на коренот туку на половината на должината на косата. Косата завиткајте ја со пластична фолија па со крпа. Оставете да делува еден час,па темелно измијте со топла но никако врела вода.