Спречете ги брчките околу усните
Ситните брчки околу усните настануваат како резултат на губиток на колаген, но и мимики кои постојано ги повторуваме. Секако, за нивното настанување е заслужна и генетиката, но нивната појава не е секогаш поврзана со годините, па тие можат да се појават и кај девојките во дваесетите години.
Доколку сакате да го спречите нивното појавување или пак да ја смалите нивната видливост – ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат во тоа.
Престанете да пушите
Освен што никотинот негативно влијае на еластичноста на кожата, мимиката која ја правите додека го вовлекувате димот од цигарата предизвикува појава на брчки околу усните.
Колаген
Хидрантната крема за лице заменете ја со крема со колаген. Иако се малку поскапи од обичните хидрантни креми, оваа инвестиција ќе ви се исплати.
Заштитен фактор
Сонцето е еден од најчестите непријатели на нашата кожа, па затоа морате секогаш правилно да се заштитите. Кремите со заштитен фактор се задолжителни, како во лето, така и во другите годишни времиња.
Гимнастика за лице
За да ги зајакнете мускулите и да го вратите тонусот, секој момент од слободното време искористете го за вежбање. Додека ја гледате вашата омилена серија, направете нешто корисно за својата кожа.