Одберете боја на кармин според возраста
Дознајте која нијанса на кармин најдобро им прилега на вашите години. Ако во вашите 20-ти се дозволени јаки бои и екпериментирање со стилот, кога ќе наполните 50 години препорачливо е да употребувате розови тонови.
20+ Јаки бои
Девојките на оваа возраст може смело да експериментираат со боите и текстурите, па слободно може да бираат кармини во боја на мандарина или на циклама. Ако повеќе преферирате природни нијанси, тоа нека бидат природни тонови како боја на јагода, малина или грозје.
2
30+ Сите нијанси на црвена
Ако имате кожа со потопла нијанса, на пример маслинеста, изберете црвена боја со портокалов тон. Ако имате потемен тен, изберете црвен кармин со кафена нијанса. На оние со посветол тен им одговарат кармини со ладни под тонови блиски до сината боја.
3
40+ Романтични тонови
Жените по својата 40-та година може да преминат на поромантични нијанси на кармин во валкано розова боја, кој има сјајна или сатенска текстура. Усните со текот на годините го губат волуменот, а за да создадете ефект на полни усни, изберете светли нијанси од јагода-розова до nude. Избегнувајте мат текстура, бидејќи таа уште повеќе ги истакнува брчките.
4
50+ Живот во розово
Стилистите препорачуваат класични розови нијанси за жените на оваа возраст, а во игра се светло розовата, но и корално розовите кармини. Потемните нијанси ги нагласуваат брчките околу усните, а оние во nude нијанса изгледаат премногу бледо, затоа е важно да се одбере средна нијанса на розово со овошни подтонови.