Алки – модни окови
Објавено на 25 мај, 2015 во 09:43
Покрај изборот на соодветни креми и пристојниот маникир, кај трендсетерките себе изразувањето продолжува и со украсување со прстени, часовник и алки.
Иако се малку подзаборавен моден детал, поради експанзијата на китењето со многу прстени, масивни ѓердани и обетки, алките сè уште важат за детали кои го комплетираат имиџот.
Овие модни окови не ве ограничуваат во комбинирњето, напротив ве ослободуваат. Можете во неколку слоја да споите синџирџиња за раце од разлилни материјали со различни бои и форми.
Стилистите охрабруваат да искомбинирате две или повеќе големи алки. Не е страшно ако тие бидат споени и со часовници или со повеќе прстени.