Против суви и испукани пети
Сезоната на сандали само што не почнала, а сувите и испукани пети не се нешто што сакаме да го покажеме. Во поголемиот број на продавници ќе пронајдете бројни производи кои ќе ветат дека ќе го решат проблемот, но често знаат да не разочараат, а потрагата за правиот препарат може да не чини богатство. Постојат неколку препарати кои можете да ги направите во својот дом, а поголемиот дел од состојките можете да ги најдете во својата кујна.
Испробајте некој од овие рецепти:
-шоља бел оцет и 8 литри топла вода
-пола шоља сода бикарбона во 4 литри топла вода
-4 до 8 литри топла вода со 2 до 3 лажици сок од лимон
За сите три понудени варијанти постапката е иста. Стапалата еднаш неделно потопете ги во мешавината 30 до 45 минути, потоа измијте ги, нанесете хидрантна крема и облечете памучни чорапи.
Наместо стандарден лосион за стапала можете да нанесете маслиново масло, кокосово масло, вазелин или било кое друго кујнско масло во кое ќе додадете капка или две етерично масло за подобар мирис. Една од подобрите мешавини е лажица маслиново масло и неколку капки лимонов сок. Секогаш после третманот користете чисти памучни чорапи, бидејки памукот дозволува стапалата да дишат.