Маска од банана за нормална кожа
Објавено на 6 јуни, 2015 во 09:54
Нормаланта кожа има состојки кои ја одржуваат помеѓу мрсна и сува кожа и на неа и се на располагање широк избор на состојки кои можете да ги ставите во маските: праски,бадеми,банани,вода од роза,јагоди,папаја и краставица…
Испасирајте ¼ банана и нанесете ја на лицето. Оставете да делува 15-20 минути и измијте со студена вода.
Маска од праска
1 праска
1 лажичка мед
1 лажичка овесни снегулки
Подготовка: Сварете ја праската додека не омекне и потоа пасирајте ја. Додадете лажиче мед и овесни снегулки. Мешајте додека не добиете густа маса. Нанесете на лицето и оставете да делува 10 минути. Измијте со студена вода.