Каква шминка нема никогаш да излезе од мода?
Објавено: 22 јуни, 2015, во 10:00 часот
Трендовите во шминкањето постојано се менуваат. Додека во еден момент во мода е сина сјајна сенка со што многу повеќе светулки или темно зелен лак за нокти во друг тоа е нешто сосема друго.
Сепак постои нето што никогаш не излегува од мода и што секоја ена ја прави нежна и привлечна.
1. Црвен кармин
Без оглед на бојата на кожата цревниот кармин е нешто што е секогаш атрактивно и што секако привлекува внимание. Многу жени имаат предрасуди кога црвениот кармин е во прашање и не сакаат да го носат бидејќи го сметаат за вулгарен. Меѓутоа многу стилисти тврдат спротивно. Затоа дами,немојте да се плашете од црвениот кармин.
2. Беспрекорен тен
Совршен тен е сон за секоја жена а тајната лежи во тоа да откриете каква подлога и руменило совршено ви одговараат. Со комбинирање на овие производи сигурно дека можете да постигнете вашата кожа да изгледа сјајно и беспрекорно.
3. Црн ајлајнер
Неизбежен во женските чанти црниот ајлајнер никогаш ен излегува од мода. Доколку сакате да постигнете подобар ефект нанесете го така да постигнете изглед на мачкини очи.
4. Дефинирани веѓи
Убаво дефинирани,односно формирани веѓи секако ќе ја истакнат вашата шминка. Ако пак веѓите ви се ретки ,слободно со моливче со боја која ви одговара благо потцртајте ги и ќе го добиете саканиот ефект.
5. Сенка во боја на кожа
Доколку мислите дека темната сенка е таа која ќе ги истакне вашите очи се лажете. Сенките во боја на кожа односно во светол крем и ванила тонови ќе ги истакне вашите очи поголеми давајќи им природен изглед.
6. Црвени образи
Не ја занемарувајте важноста на руменилото во шминкањето тоа го прави вашиот севкупен изглед уште подобар.
7. Вештачки трепки
Веројатно постојат дами кои се противници на се што е вештачко но доколку сакате да постигнете “va va voom” ефект,вештачките трепки сигурно ќе ви помогнат во тоа.
8. Моливче за уста
Ниеден класичен мејк ап не би бил целосен без моливче. Користете го оној кој одговара со карминот ,маскарата и малку руменило и ќе бидете секогаш во тренд кога е шминката во прашање.
