Домашна купка од ванила и мед

Објавено: 10 ноември, 2015, во 08:48 часот

Мирисот на ванила е примамлив и веројатно не постои нешто друго со толку пријатна мирисна нота. Наместо да ја употребите купката што сте ја купиле во парфимерија, предлагаме сами да го направите овој препарат.

Состојки:

1 шолја бадемово масло

½ шолја мед

½ шолја благ течен сапун

1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Ставете ги сите состојки по горенаведениот редослед во еден сад, најдобро во стаклена тегла. Добро измешајте ги сите состојки. Пред секоја наредна употреба на купката убаво протресете ја теглата. Оваа количина е доволна за 4 употреби. После купката препорачливо е се исплакнете со топла вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.