Брза и ефтина маска за затегнување на лицето
Објавено на 2 декември, 2015 во 08:22
Оваа маска е доста ефтина бидејќи состојките сигурно сите ги имате дома а одлично ја затега кожата на лицето.
За оваа маска ви е потребно половина банана,лажичка до две јогурт и лажичка мед. Сите состојки изгмечете ги и измешајте ги и така подготвената маска нанесете ја на лице. Почекајте 15 до 20 минути маската потполно да се исуши.
Лицето потоа измијте го со топла па со студена вода. Оваа маска одговара на сите типови на кожа и можете да ја употребувате секојдневно. Мала напомена: секогаш правете ја свежа. После седум дена ќе забележите помека и затегната кожа на лицето.