Која фризура одговара на вашата фигура на лицето?

Објавено на 16 декември, 2015 во 08:59

Многу е важно доколку сакате да имате идеална фризура таа да биде прилагодена на фигурата на лицето. Затоа еве ви неколку совети поткрепени со фотографија, каква фризура најдобро би ви стоела според обликот на лицето.

1 Права коса, округло лице

Идеална должина на косата е до раменици, атоа што на тој начин визуелно ќе го издолжите лицето, а дебеите и рамно исечени шишки ќе ги истакнат јагодиците.

2 Права коса, квадратно лице

Како и кај округлото лице, идеална должина на косата е до раменици. Степенесто ишишана коса од брадата ќе ги ублажи испакнатите коски кај вилицата. За визуелно да ого смалите широкото чело, префрлете ги шишките од едната страна на другата, како што е покажано на сликата.

3 Права коса, срцевидно лице

Мега популарна пикси фризура е совршена за вас, затоа што со неа ќе ги истакнете и очите и јагодиците. Друга варијанта е боб фризура со неколку подолги слоеви.

4 Права коса, овално лице

Слоевите кои почнуваат веднаш под очите ќе направат вашето лице да изгледа подебело. Жените со овално лице треба да избегнуваат еднолична, рамна, долга коса.

5 Брановидна или виткана коса, округло лице

Должината може да биде до раменици или малку подолга, но секогаш степенеста, за да се добие облик на пирамида, кој ќе биде контраст на округлото лице. На тој начин ќе биде нагласена структурата на коските.

6 Брановидна или виткана коса, квадратно лице

Идеална должина на косата е онаа до раменици, степенесто ишишана од ушите надолу. Се препорачува да иматеи неколку кратки прамени кои паѓаат преку челото.

7 Брановидна или виткана коса, срцевидно лице

За да со помош на локните се постигне рамнотежа поради широкото чело, потребно е косата да се ишиша степенесто.

8 Брановидна или виткана коса, овално лице Брановидна или виткана коса, овално лице

Степенесто ишишана коса до раменици, ќе ги нагласи јагодиците.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.