Како да препознаете дека е време за потстрижување?

Објавено на 22 декември, 2015 во 08:35

Ретки се жените кои редовно одат на фризер. Многумина од нас одлучуваат да се потстрижат дури кога ќе забележат дека косата им е екстремно сува или пак не очекува некој важен настан.

Ако не знаете да препознаете кога е вистинско време за посета на фризерски салон,ви донесуваме неколку знакови кои откриваат дека ви е неопходно потстрижување.

 

Подолго ја обликувате косата – Ако ви е потребно повеќе време за обликување на косата која често се мрси и тешко се расчешлува,време е за средба со ножици.

Вашата коса нема форма – Ако вашата коса нема никаква форма,т.е немате фризура,туку прамените безживотно паѓаат низ лице,време е за промена.

Косата секогаш ви е подигната – Ако не памтите кога сте ја пуштиле косата,посетете фризер и вратете и ја на косата живоста поради која нема да сакате да ја врзувате повеќе .

Оштетени врвови – Ако на фризер не одите секои 6-8 недели,тогаш задолжително одите кога ќе забележите дека врвовите ви се оштетени. Исушени,оштетени и расцветани врвови бараат што побрзо потстрижување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.