Ослободете се на природен начин од првутот

Објавено на 25 декември, 2015 во 08:29

Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Затоа, подобро е да се одлучите за природни препарати со кои можете да се ослободите од оваа појава.

Маслиново масло

Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.

Јаболков оцет

Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.

Камилица и ловоров лист

Камилицата ја смирува осетливата и воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие.

Во 1 литар вода ставете цела рака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.

Сок од лимон

Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.