Капут со кожни ракави оваа зима
Објавено на 28 декември, 2015 во 07:54
Ако размислувавте да се подновите со капут кој ќе го носите оваа зима, сакате да изгледате модерно и да сте во тек со актуелните трендови, тогаш одберете модел со кожни ракави.
Ова модно парче есериозенхит помеѓу трендсетерките затоа што може да се комбинира во сите прилики и со сите парчиња гардероба и обувки – од здолништа до фармерки, од чизми на штикла до патики.
Голема предност кај кожните ракави е што тие не се оштетуваат така лесно и не го менуваат својот облик, па можете да заборавите на проблемот со излижаните или раширени лактови.