Модни трендови лоши за вашето здравје
Високи потпетици
Високите потпетици предизвикуваат артритис на нозете, болки во колената и грбот. Жените треба да бидат повнимателни при изборот на обувките. Лошите и некомфорни обувки исто така може да предизвикаат и оштетување на нервите.
Апостолки
Практични и лесни за во летниот период , но апостолките го зголемуваат ризикот од повреди на нозете, глуждовите, колената и долниот дел на грбот. Апостолките ги искривуваат и прстите на нозете, затоа доколку одите на подолги прошетки, заменете ги со некои други летни и отворени сандали.
Огромни чанти
Тие предизвикуваат оштетувања на грбот и влијаат врз држењето на телото. Доколку чантата има тенка рачка а голема тежина, ризикот се зголемува уште повеќе. Затоа, ако се одлучите да носите голема чанта, тогаш изберете некоја која нема толку долга и тенка рачка.
Солариум
За ризикот од потемнетиот тен во солариум, сигурно сте читале многу, но секогаш е добредојдено потсетувањето од штетните реакции врз кожата на телото. Доколку имате до 35 години, ризикот за малоном е уште поголем, а користењето солариум повеќе од 10 пати годишно го зголемува ризикот за малоном до 800 проценти.
Секси долна облека
Уринарниот тракт е најподложен на ризик и инфекции. Тесниот веш може да предизвика и гребнатини и вистински рани.