Се лансира „Victoria Beckham Beauty“
Објавено на 14 февруари, 2019 во 11:05
Викторија Бекам е дефинитивно успешен дизајнер во последниве години, кој има беспрекорен бизнис талент. Сега сопругата на Дејвид Бекам направи чекор што го најавува веќе долго време – таа создаде сопствен козметички бренд.
Викторија Бекам го објави лансирањето на Victoria Beckham Beauty како дел од нејзината модна куќа со исто име.
“Сакам да се погрижам за жените како надворешно, така и внатрешно. Ги обезбедувам со задолжителни производи за шминка, нега на кожата, мириси и спа, од кои чувствувам потреба и во мојот живот”, изјави таа во соопштението.
Ова не е прв допир на дизајнерот со светот на убавината – еден од нејзините најуспешни проекти е дебито во 2016 година со Есте Лаудер.