Викторија Бекам на свадбата на синот носеше детаљ вреден скоро 200 милиони денари (фото)
За време на викендот очите на светот беа вперени во спектаклот што беше венчавката на Бруклин Бекам и ќерката на милијардерот Никола Пелц. Во сиот раскош, посебно внимание привлече мајката на младоженецот Викторија Бекам, која верна на себе се појави во гламурозно издание, пишува „Mirror“.
Таа носеше сребрен фустан од сопствениот моден бренд, што беше првото парче облека на брендот направено во лондонското студио на компанијата, но многумина го забележаа и дијамантскиот ѓердан што го носеше околу вратот.
Според Кирон Кеог, ко-основач на „ROX Diamonds & Thrills“, ѓерданот содржи околу 18 карати, а неговата вредност се проценува на приближно 3,5 милиони долари, што е околу 25 милиони долари. На својот инстаграм-профил, „пош-спајс“ подоцна објави фотографија од огрлицата.
Дејвид и Бруклин Бекам на венчавката носеле костуми од модната куќа „Диор“, а таткото на својот син му купил Јагуар од 1954 година за 500.000 долари како свадбен подарок.
Да потсетиме, парот го кажа судбоносното „да“ на Палм Бич, Флорида и беа одржани две свадбени церемонии – една еврејска и една католичка, бидејќи нивните семејства се од различна вера. Трошоците за раскошната венчавка, која според извори блиски на парот чинела повеќе од 3,5 милиони долари, ги платил свекорот на Бруклин, милијардерот Нелсон Пелц.