Јаболкото и морковот го регулираат притисокот!

Објавено на 1 мај, 2013 во 06:51

Сите кои имаат зголемен крвен притисок со редовно земање на пропишаната терапија мораат да го сменат и начинот на исхрана но и да одвојат време за физичка активност.

Бидејќи дебелината и зголеменото внесување на кујнска сол најчесто придонесуваат да се јави оваа болест ,првиот чекор кој би требало да го направат заболените од хипертензија е да ја регулираат телесната маса. Во секојдневната исхрана треба да се користат од 3 до 5 грама сол или максимално една мала лажичка а би било најдобро за подготовка на храната да се користи калиумова сол. Многумина сметаат дека морската сол е поздрава од обичната кујнска сол. Меѓутоа и двата вида имаат натриум и хлор во иста мера па и ефектот врз здравјето е идентичен.

-„Преголемата доза на натриум ов нив влијае на пораст на крвниот притисок и прави кардиоваскуларни проблеми“,вели д-р Даниела Ристиќ Медиќ од Центарот за посебни вредности за испитување на храната и метаболизмот при институтот за Медицински истражувања во Белград.

-„Намалувањето на внесување на сол на најмногу 5 грама дневно може да се постигне со правилен избор на производи, читање на декларацијата на производите и избегнување да се досолува храната при подготовка и консумирање. Треба да се води сметка за тоа дека големи количини на сол се наоѓаат во сувиот растителен зачин, потоа во месните конзерви, сувомеснатите производи а во помали количини во млекото  млечните производи.

Освен тоа неопходно е да се намали и количината на храната и дневно да се земаат по пет помали оброци а исто така од исхраната да се исфрли потполно мрсната и индустриски преработената храна која поради употреба на адитиви и конзерванси содржи поголеми количини на натриум. Препораката на стручњаците е ако сакате да ви се намали крвниот притисок да јадете што повеќе зеленчук, овошје и производи богати со диетални влакна.

-„Најкорисен зеленчук е секако грав, грашок, варен компир ,кељ, брокула, краставица, целер, домат, кромид и лук,“ објаснува др Медиќ.

-„ За зачинување на салатите се препорачува лимонов сок или јаболков оцет и зачински билки.Две неизлупени јаболка и два моркови на ден ќе ви помогнат да го регулирате крвниот притисок. Исхараната треба да се збогати и со сушени и суви сливи, боровинки, мандарини, грејфрут.

Корисно е да се јадат и банани, тиква, кајсија, праска, бадем и костен.Производите богати со магнезиум, како зелениот лиснат зеленчук, интегралните житарки и коскеното овошје, освен лешникот и кокосовиот орев го намалуваат крвниот притисок, штитат од мозочен удар и срцеви аритмии.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.