Цитронот помага при слабеење!
Објавено на 4 мај, 2013 во 07:09
Истражувањата на американските научници сугерираат дека конзумирање на цитронот или сок од цитронот помага во наамалувањето на прекумерната телесна тежина.
Калифорниските научници по 12-неделно истражување утврдиле дека додавање на цитрон во вообичаената исхрана може да заштити од појава на дијабетес.
Истражувањето покажало дека испитаниците кои пред секој оброк јаделе половина од ова овошје или конзумирале една чаша сок, изгубиле во просек 2 кг.
Се верува дека намалувањето на тежината е во директна врска со нивото на инсулин.
Намаленото ниво на инсулин најверојатно влијаело врз намалувањето на апетитот. Во ситуации кога нивото на инсулин е високо, доаѓа до стимулација на хипоталамусот и чувството за глад.