Зголемете го внесот на железо!
Дури и ако не сте анемични, недостатокот на железо негативно ќе се одрази врз вашата способност за памтење и учење, тврдат стручњаците.
Оптималната дневна доза е 18 милиграми, што е количина која се наоѓа во една мултивитаминска таблета.
Како замена може да ви послужи дланка ореви во текот на денот, лиснат зеленчук, како спанаќ на пример, или парче црвено месо од време на време.
Вежбајте и земете си го mp3 плеерот
Познато е дека вежбањето ја подобрува моќта на концентрација, но дали знаевте дека вежбање со музика има поефикасно дејство? Се постигнуваат дури дупло поголеми резултати.
Спијте саат време подолго
Германските научници утврдиле дека луѓето кои ноќе спијат во просек 8 саати имаат трипати поголема способност за решавање на проблемите во однос на оние кои спијат помалку.