Три решенија против потење!
Објавено: 8 мај, 2013, во 07:37 часот
Со доаѓањето на пролетните денови невозможно е да не се потите повеќе од вообичаеното бидејќи телото се ослободува од вишокот на топлина. Потењето е нормална и здрава појава но понекогаш може да ни предизвика проблеми и да ве доведе во незгодна ситуација. Во борбата против претераното потење природните состојки се подобри од козметичките препарати.
Масло од ким
Маслото добиено со ладно цедење на индискиот црн ким добро делува против бактериите и вирусните болести и помага при прекумерното потење. После туширањето маслото намачкајте го на рацете од прстите до рамената и секако под пазуви.
Чај од жалфија
Од лековитите состојки со кои изобилува ,во борбата против потењето силно дејство имаат нејзините жолто зелени етерични масла,смола и танин.
Една мала лажичка жалфија прелијте ја со шоља зовриена вода ,оставете да стои неколку минути, исцедете и испијте. Овој чај делува како природно средство против потење а едно е од најдобрите средства против ноќно потење. За подобри резултати потребно е да пиете чај две недели и тоа по еден литар чај на ден.
Јаболков оцет
Јаболковиот оцет делува како природен дезодоранс бидејќи ги уништува бактериите. Доволно е еднаш дневно со него да ги избришете пазувите. Сувата крпа натопете ја со јаболков оцет и збришете ги површините на телото на кои често е потите.
За да го спречите потењето на стапалата, два до три пати неделно направете купка со 2 литри топла вода и 75 мл јаболков оцет, стапалата топете ги најмалку 15 минути.
