Здрави непца!
Објавено на 10 мај, 2013 во 12:10
Непцата крварат ако се инфицирани или по механичка повреда, најчесто од миење заби.
Забарите велат дека правилно миење со четкичката за заби како и чистење со забен конец е доволно да се запре крварењето.
Бидејќи таложењето на забниот камен е најчеста причина за заболувањата на гингивите (непцата), редовно миење на забите и контролни посети на забар најмалку двапати годишно се исклучително важни.
Ако крварењето продолжи и покрај сите ваши напори да го запрете, тогаш не одложувајте ја посетата на забарот, кој понатаму ако има потреба, ќе ве препрати на специјалистички преглед, бидејќи за лекување на непцата што крварат, мошне е важно да се откријат причините за крварењето.