Циметот се користи и како лек!
Циметот се користи како народен лек, а истражувањата само дополнително одат во прилог на оваа традиционална употреба.
Дијабетес
Најистражуваната здравствена придобивка на циметот е онаа што се однесува на третманот за дијабетес. Повеќекратно е докажано неговото својство да го намалува нивото на шеќер во крвта кај пациенти со дијабетес 2, земан во одредено дневно количество. Денешните истражувања покажуват дека кај некои индивидуи фармаколошките ефекти од циметот можат да бидат и обратни. Ова е во смисла на тоа што, кај луѓе со дијабетес, циметот може да да го намали нивото на шеќер во крвта, намалувајќи го ефектот на антидијабетичните лекови.
Инфекции
Неколку лабораториски студии досега имаат покажано дека циметот може да биде ефикасен за контролирање на различни видови инфекции. Екстрактот од кората на циметот елиминира неколку типови бактерии во лабораториски услови, меѓу нив ешерихија коли и бацилус суптилус. Маслата добиени од циметот можат да уништат многу видови габи и да го намалат размножувањето на хив, сознанија исто така добиени во лабораториски услови.
Дополнителна корист за здравјето
Неколку студии вршени на животни докажале дека циметот позитивно влијае на намалување на крвниот притисок, нивото на триглицериди и вкупниот холестерол. Лабораториските студии сугерираат дека циметот има и антиоксидантни својства и може да биде ефикасен за намалување на растењето на туморите. Овие потенцијални корисни својства на циметот треба да бидат дополнително тестирани за резултатите целосно да се потврдат.
За овој лек консултирајте лекар ако веќе имате здравствени проблеми и ако одлучувате да го користите секојдневно.