Со здрава храна до помалку целулит!
Одредени производи можат да го запрат воспалителниот процес на сврзното ткиво и да ја поттикнат продукцијата на колаген. Сè што треба да направите за да го ублажите целулитот, секако, напоредно со редовна физичка активност, е да јадете повеќе: Соја, карфиол, спанаќ, портокали и домати.
Овие производи содржат лецитин кој ја затегнува кожата.
Риба, јаткасто овошје (ореви, бадеми), маслиново масло. Овие се богати со есенцијални масни киселини кои помагаат во обновувањето на ткивото.
Млеко и јајца. Содржат аминокиселини кои учествуваат во создавање на колагенот.
Овошје и зеленчук со јаки бои (боровници, јагоди, кајсии, морков). Антиоксидантите во нив ги спречуваат оштетувањата на ткивата.
Брокула, грашок и грав. Содржат антиинфламаторни материи.
Јадете помалку:
Путер, маргарин и делумно хидрогенизирана билни масти кои се наоѓаат во составот на брзата храна и грицките.
Црвено и свинско месо.
Зрели тврди сирења.
Слатки.
Сите овие производи придонесуваат за воспаление на ткивата, поради што целулитот станува позабележлив. Пијте повеќе вода, заради оптимална функција на бубрезите, крвотекот, кожата, заради побрзо ослободување на телото од отровите.