Најдобри совети за слабеење кои некогаш сте ги добиле!
Пролетта е време кога многу жени се одлучуваат за диета. Често забораваат дека треба да ги осмислат здравите темели за слабеење. Стручњаците советуваат како тоа да го постигнете.
Единствен индекс на вашата телесна маса
Вашиот индекс на телесна маса не еднаков на индексот на вашата пријателка. Значи,вие сте единствена личност. Откријте кој ви е индексот на телесна маса. Тоа можат да го пресметаат и лекари а можете и самите со помош на разни прирачници. Индексот на телесна маса се пресметува така да телесната маса на лицето во килограми се подели со квадратот на висина во метри.
Прифатете ги промените на својата тежина
Животот а и нашето тело се менува. Една година добивате дете,друга година имате операција,трета година сте под голем стрес. Сето тоа влијае на добивање и симнување килограми. Прифатете ги тие промени и секогаш уживајте во сегашниот изглед. Ако во старт тргнувате со негативен став за себе и својата тежина нема далеку да дотуркате.
Целта треба да биде квалитетен удел на маснотии во организмот.
Еден од најдобрите начини за пресметување на реалната телесна тежина е оној кој се темели на здравиот процент на маснотии во организмот. Најпрвин утврдете колку е тој процент сега а потоа со помош на лекар дознајте колку здрави масти во вашиот организам мора да ги има.
Одвоите доволно време
Симнувањето на килограми бара време. Ако бидете нестрпливи ќе се доведете во состојба на фрустрација и обесхрабреност а тоа нема да даде добри резултати. Бидете внимателни и нежни кон себе. Запомнете дека не сте се здебелиле за два дена туку дека килограмите сте ги собирале со месеци. Ако сакате трајно да ги симнете тогаш за тоа ќе ви треба време. Брзите решенија не се никогаш ефикасни.
Манекенките и актерките не се ваше мерило
Манекенки,актерки и пејачки често се премногу слаби и не можат да бидат пример за нормалните жени. Со нивните килограми не треба да се оптеретувате. Освен тоа фотографиите на тие жени минале многу обработки и ни тие не изгледаат така како што вие мислите. Бидете си сами свое мерило.
