Пенеста урина – постои ли причина за загриженост?

Објавено на 31 јули, 2014 во 08:05

Повременото исфрлање на пенеста урина е нормална појава. Може да значи дека едноставно брзо имате уринирано, најчесто со поконцентрирана урина како што и понекогаш се случува кога телото е слабо дехидрирано.

Постојаната пенеста урина која што се повеќе се забележува со текот на времето побарува лекарски преглед. Може да биде знак за присутство на протеини во урината (протеинурија) и оваа состојба треба дополнително да се испитува. Големите количини на протеини во урината можат да индицираат на сериозен проблем со бубрезите.

Ако Вашата урина изгледа невообичаено пенеста во подолг временски период, закажете преглед кај Вашиот матичен доктор кој што треба да ја најде причината за настанување. Докторот ќе Ви препорача анализа на урината со која што се детектира присутство на протеини во урината. Ако на резултатите се прикаже дека урината содржи протеини, ќе треба да направите и дополнителни тестови за да се одреди причината за предизвикување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.