Колку витамини ни се потребни

Објавено на 29 август, 2014 во 07:06

Витамините се едни од основните состојки, кои имаат важна улога во функционирањето на организмот. Човечкиот организам не е во состојба самиот да произведува витамини, што значи дека можат да се внесуваат единствено преку исхраната.

Недоволниот внес може да предизвика нарушување на метаболизмот, болести и оштетувања. Покрај добро избалансирана исхрана, треба да се земаат и дополнителни количини на витамини. При некои состојби како болести, бременост, анемија или намалена ресорпција, земање на витамински додатоци е неопходно.

 

Овошје и зеленчук пет пати на ден

Задолжително да се јаде по една чинија салата на ден. Салатата содржи бројни хранливи состојки.

Овошјето е идеален меѓуоброк, кога ќе се почувствувате малку гладни.

Овошјето и зеленчук треба да се јаде петпати на ден.

Изберете овошје и зеленчук со интензивни бои, бидејќи колку повеќе бои, толку е побогат витаминскиот состав.

Не го ситнете овошјето и зеленчукот пред да го измиете. Гответе зеленчук во мали количини на вода. За време на готвењето не ја мешајте водата. Водата, во која се готвел зеленчукот можете да ја искористите за супа и сосови. Подготвените јадења не треба да се чуваат на топло. Соковите од овошје и зеленчук се чуваат во стаклени шишиња.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.