Физички или емоционален глад!?

Објавено на 30 септември, 2014 во 08:08

Емоционалното јадење е навика на редовно консумирање на големи количини храна, најчесто брза, мрсна или слатка храна, како резултат на други чувства, а не на глад. Експертите имаат проценето дека 75% од прејадувањата се предизвикани од емоции. Ослободете се од непотребното внесување на калории на следниов начин:

Откријте што го предизвикува емоционалниот глад кај вас

Водете дневник што и кога, колку и зошто јадете. Со текот на времето сами ќе можете да утврдите каква е зависноста помеѓу вашето расположение и храната, т.е. кои емоции и ситуации ве принудуваат да посегнете несвесно и неконтролирано по храната.

Задоволете го гладот со здрава храна

Чувајте во вашиот фрижидер моркови или краставица. Кога и да почувствувате желба да грицнете нешто, насочете се кон нив. Најдете храна која што ве задоволува, а не е штетна. Заборавете на сладоледот, чипсите, колачињата, пицата.

Најдете активност што ќе го замени јадењето

Тоа не значи секогаш кога ќе почувствувате глад да го игнорирате. Кога ќе почувствувате емоционален глад и желба да каснете нешто за да ја убиете досадата или осаменоста, тогаш треба да реагирате и да научите како да го избегнете прејадувањето. Заменете го таквиот вид на хранење со прошетка, туширање, чистење или друга активност каде што нема да имате достап до храна.

Не ги прескокнувајте редовните оброци

Не се лажете дека ако успеете да го прескокнете појадокот, ќе внесете помалку калории во текот на денот. Појадокот, како што многупати имаме споменато, е најважниот оброк. Општо познато е дека ако консумирате појадок богат со протеини, ќе внесете помалку калории во останатиот дел на денот, затоа што ќе го избегнете постојаното грицкање и прејадувањето.

Спијте доволно

Ако сте уморни, може постојано да каснувате нешто со цел или изговор да добиете повеќе енергија. Наместо да се полните со непотребни калории, поспијте еден час повеќе.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.