Чај кој го зајакнува имунитетот!

Објавено на 1 октомври, 2014 во 09:34

Времето е променливо, се променуваат сончеви, дождливи и ветровити денови, а сетоа тоа многу лошо делува на имуниот систем кај луѓето. Варијациите во температурата, несоодветното облекување можат да доведат до болести поради слабата одбрана на организмот.

Не чекајте да ви потече носот, да ве заболи грлото и да добиете покачена температура, туку навреме послушајте ги лекарите кои препорачуваат билни чаеви како превентива. Лесно се подготвува овој чај од камилица, босилок и жалфија, а кој многу помага.

Помешајте една лажица камилица, босилок и жалфија. Прелијте ги со 2 децилитри жешка вода. Оставете неколку минути да отстои, па потоа процедете.

Кога ќе биде доволно изладен за да може да се пие, додајте една лажица мед и малку цимет. Топлиот и закрепувачки пијалак ќе ве загрее и ќе ве натера да заборавете на марамче оваа есен. Освен тоа ќе се ослободите од напнатост и секојдневниот стрес. Вреди да се проба!

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.