Зошто не треба да јадете тестенини

Објавено на 21 октомври, 2014 во 08:00

Без разлика дали тоа се макарони, шпагети, салати со тестенини или лазањи, тестенините важат за дел од омилената храна на огромен број на луѓе, но сепак, тестенини не се премногу здрави.

Покрај јаглехидратите, тестенините имаат сосема мала количина на хранливи материи.

Така, во тестенините има 79 грама јагленихидрати, 3,2 грама диететски влакна, 2,9 грама шеќер, 12 грама протеини, 0% витамин А и витамин Ц, калциум 2%, железо 6% и витамин Б6 со 5%, а многумина ќе се согласат и дека оваа храна не е толку вкусна кога се консумира без додатоци.

Колку и да изгледа тешко тестенините да се отфрлат од вашата исхрана, сепак, имајте во предвид дека сето тоа ќе ви помогне полесно да се ослободите од вишокот на килограми, а ќе можете и да имате поголема контрола над нивото на шеќерот во крвта.

Избегнувањето на тестенините не значи дека истите треба целосно да се исклучат од исхраната и засекогаш да заборавите на вашите омилени специјалитети од италијанската кујна, но избегнувајте секојдневно да ги конзумирате.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.