Обезбедете си мир, спокој и сон во домот

Објавено на 21 мај, 2020 во 10:39

lavanda1

Експертите за фенг шуи тврдат дека лавандата е многу лековита билка која со себе носи позитивна енергија и смирува, па затоа е голем и значаен дел од оваа филозофија на уредување на домот.

lavanda naslovna

Најубавиот и најлесен начин како да ја внесете лавандата во домот е да ја засадите во мали декоративни саксии и да ја распоредите во просториите како кујната, спалната соба и купатилото, бидејќи таа ќе придонесе за свежина во просторот. Лавандата можете да ја ставите и во дневната, но и во детската соба, бидејќи е растение кое носи добра енергија и позитивно влијае врз расположението.

lavandavodvor fin

Покрај засадената лаванда можете да користите и суви цветови кои ќе ги чувате во декоративни вазни бидејќи правилото на фенг шуи филозофијата дека сувото цвеќе претставува безживотност и носи негативна енергија не се однесува и на лавандата.

Уште еден начин како можете да го искористите ова растение е да наполните мали памучни или свилени вреќички со сушена лаванда, кои ќе ги чувате во ормарите и фиоките за да ја одржите свежината на облеката, но и да спречите појава на молци – што е двојна корист од оваа прекрасна билка.

lavandavrekicki fin

Вреќичките со лаванда можете да ги чувате и покрај креветот, а во нив можете да капнете и неколку капки етерично масло од лаванда бидејќи ова растение докажано го подобрува сонот и придонесува за полесно и побрзо заспивање.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.