Што треба да јадете по четириесеттата за да слабеете?

Објавено на 24 септември, 2020 во 13:30

baloni40godina fin

По четириесеттата година, организмот е поподложен на кардиоваскуларни болести и холестерол, па затоа метаболизмот треба да се зајакне со исхраната.

За почеток, водата е најважен дел од здравата исхрана во овие години, посебно ако успеете да престанете со пиење на газирани пијалоци. Во тој случај годишно ќе загубите и по килограм и пол повеќе од оние кои продолжуваат со конзумирање на газирани пијалоци.

Житарките треба да ја заменат вообичаената ужина, бидејќи се одличен меѓуоброк полн со влакна. На тој начин ќе загубите повеќе маснотии при вежбањето.

Ленот е полн со влакна и здрави маснотии кои го стабилизираат нивото на шеќерот во крвта, а поради високото
количество на естроген помага и при хормонски проблеми. Оревите се богати со омега-3 масни киселини.

Лутите јадења влијаат на намалување на нивото на инсулин, кој е одговорен и за нивото на мастите. Циметот треба да го замени шеќерот, бидејќи во половина лажичка цимет има само 16 калории.

Како десерт се препорачува црно чоколадо со повеќе од 70 отсто какао, бидејќи има многу помалку јаглени хидрати и шеќер од обичното чоколадо и многу повеќе железо и влакна.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.