Рецепт за сок кој содржи цинк и витамин Ц: Го зајакнува силно имунитетот, a се прави многу лесно
11.12.2020
Одржувањето на здравјето на имунолошкиот систем е клучно за здравјето на целиот организам, особено во текот на пандемијата на коронавирусот.
Избалансираната исхрана и физичката активност се најдобрите чувари на имунитетот, но природата нѝ овозможува многубројни благодети кои можеме да ги искористиме за детоксикација на организмот и зајакнување на неговиот одбранбен механизам.
Во продолжение, ви претставуваме едноставен рецепт за сок кој се припрема од природни, органски намирници кои се полни со витамини и минерали, а некои од нив содржат цинк (какао и ленено семе).
Цинкот е еден од најважните минерали за зајакнување на имунитетот, но е значаен и за здравјето на клетките и нивна заштита од оксидативен стрес.
Потребни состојки:
– 4 јаболка
– 5 моркови
– 3 лимони
– 3 портокали
– 1 лажичка свежо изрендан ѓумбир
– ½ куркума во прав
– 2 лажички ленено семе во прав
– 2 лажички какао во прав
Начин на приготвување:
Излупете ги и исечкајте ги морковите и јаболката. Исцедете го сокот од лимоните и портокалите, додајте ги сите останати состојки и ставете 300 мл. вода. Сè заедно изматете во блендер, а потоа добиениот сок ставете го во шише и чувајте го во фрижидер.
Сокот може да стои до 3 дена во фрижидер, а се препорачува негово секојдневно консумирање. Доколку сакате поблаг вкус, можете да додадете малку мед или стевиа.
Мите Јаначков