Дали сте слушнале за витаминот Ф: Овие знаци укажуваат на негов недостаток во вашиот организам
30.03.2021
Многумина доволно знаат за значењето на витамините и се трудат да се хранат здраво и да ги внесат во доволни количини. Но, за значењето на витаминот Ф не се знае доволно, иако спаѓа во групата супстанци неопходни за нашиот живот.
Витаминот Ф и важен за метаболизмот бидејќи го спречува таложењето на холестерол во артериите и го зајакнува имунолошкиот систем.
Овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем кај дијабетичарите и спречува очни болести. Ги ублажува менструалните болки кај жените.
Последица од недостаток на овој витамин е губење вода од организмот, поради што се јавува преголема жед.
Исто така се јавуваат и проблеми со кожата, а ако недостигот е хроничен, можат да се јават заболувања на крвните садови, во вид на атеросклероза, флебитис, тромбоза, инфаркт, пореметување во работата на црниот дроб, како и намалена отпорност на вируси и бактерии.
За да ги задоволите потребите за овој витамин, треба да користите ладно цедено сончогледово масло. Исто така јадете сончоглед, кикирики, ленено семе. Најдобро се апсорбира во комбинација со витамин Е.
Мите Јаначков