Зошто никогаш не смеете да пиете вода од пластично шише загреано на сонце
Во текот на тропските горештини, не излегуваме од дома без шише вода. Често се случува поради високите температури да се загрее шишето, односно водата во него.
Меѓутоа, дали знаете што се случува тогаш?
Бидејќи пластичните шишиња се направени од полиетилен терефталат кој, кога ќе се загрее, ја ослободува штетната хемикалија бисфенол А (БПА). Кога бисфенол се внесува во организмот, може да биде исклучително штетен.
Колку повеќе шишето се загрева, толку повеќе штетни состојки испушта во водата. Неодамна беше спроведен и експеримент кој го докажува тоа. Имено, професорката Лина Ма со својот тим научници истражувале кои хемикалии се испуштаат од пластично шише по стоењето на висока температура во текот на четири недели.
Таа студија докажала дека нивото на штетната БПА се зголемува на високи температури. Ни случајно немојте да пиете вода од шише кое со денови било во автомобил или на сонце.
Бисфенолот А се поврзува со голем број здравствени проблеми – како што се намален имунитет, проблеми со репродуктивното здравје и невролошки проблеми. Дури е утврдено дека оваа хемикалија го зголемува ризикот од развој на Алцхајмерова болест, дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и друго.
Затоа, најдобро ее да користите стаклено шише наместо пластично.