Прва стрип колонија во Македонија „ВЕЛЕС 2018“
Стрип колонијата се одржува во Велес, од денес 21 до сабота 25 август, како еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон што се организира секоја година.
Организаторите за цел ја издвоија можноста за подолготраен активен контакт и соработка помегу учесниците од разни земји.На првата стрип колонија учествуваат гости од Србија, поточно од Рашка, Лесковац и Белград,потоа од Црна Гора како и автори од разни генерации од Македонија.
Нивна задача за време на престојот е да нацртаат стрип , без оглед дали е претходно подготвен.Под будното око на специјалниот гостин Владимир Весовиќ од Белград тие ги развиваат своите способности. Стрип колонијата во Велес се одржува во просториите на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“.
Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип конкурс, што истекува на 20 септември. Исто така ќе се стекнат со право на објавување во ревиите „Стрип Креатор“ и „Алманах“. Стриповите ќе бидат изложени и на традиционалната стрип изложба,во средината на месец октомври во Велес./У.Ј