Мурал ќе биде нацртан долж ѕидот на северниот влез во Велес

Објавено на 3 јули, 2020 во 13:23

MuralnazidotnavleznaVeles idejno reshenie

3.07.2020

Муралот ќе биде долг 86 метри и висок 2,5 метри. На фотографијата е преставен изгледот на муралот што ќе го работат, како дел од проект на Европска Унија, ликовни уметници и членови на граѓанско здружение „Факултет за работи што не се учат“ од Скопје. Советот на Општина Велес донел одлука и комисија од академски ликовни уметници на нивното здружение во Велес со Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски го одобриле идејното решение.

Kocevski3

– Граѓанско здружение „Факултет за работи што не се учат“ ни достави прво идејно решение што уметниците од Велес го разгледаа и дадоа свои препораки. Тие беа прифатени од граѓанската организација што го даде предлогот. Модифицираното идејно решение ќе почне да се реализира од недела, 5 јули. Според Одлука на Советот на Општина Велес, кој ме овласти да составам комисија од Друштвото на ликовни уметници на Велес, и по две одржани заседавања како и разгледување на идејното решение, ние го прифативме ова идејно решение, што ви го доставуваме. Работите ќе треба да завршат до 10 јули. Тоа е модернистичко решение преку кое праќаме пораки дека Велес сакаме да го развиваме во паметен, чист и зелен град со развиена урбана мобилност. Верувам дека ќе им се допадне на граѓанките и граѓаните во Велес, рече градоначалникот Коцевски.

Муралот ќе се слика од кота 1 метар од коловозот нагоре, поради безбедносни сообраќајни правила, да не ги збунува учесниците во сообраќајот во ноќните часови. Муралот општината ќе го добие бесплатно./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.