Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Дваесет и шест  уметнички дела на деветмина графичари, вчеравечер беа изложени во Ликовниот салон во Велес.  Графиките изработени во повеќе техники се дел од  биеналната изложба  „Кумановски графичари“, што ја организира Центарот за култура од Куманово .  Дел од графиките се во боја  и тоа на графички уметници  од повеќе генерации  од Куманово.

„Изложбата не е тематска  туку е по слободен избор на самите автори. Тука можеме да видиме индивидуални пристапи во зависност од размислувањето на графичарите. Изложени се повеќе ликовни концепти, нешто што е фигурално или апстрактно.  Се разликуваме од другите изложби по тоа што секогаш се обидуваме да изложуваме  свежи дела пред пошироката јавност“, рече  промоторот на изложбата Роберт Цветковски.

Изложбата „Кумановски графичари е востановена во 2003 и се одржува на секои две години.  Таа досега освен во Куманово била претставена и во Кавадарци. По Велес  ќе биде изложена во Кочани и во Кратово./Д.С

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново