Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

marsFevruarskipohod1 fin

Традиционално, по осми пат, изминатиот викенд се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход 2019“ од село Гостиражни до село Папрадиште. Над 40 планинари, од Велес, од Скопје и од Битола беа учесници во маршот. Маршот за старт го имаше селото Гостиражни од каде членовите на планинарските друштва „Грин пауер“, „Китка“ и „Металург“ заедно со ученици и пензионери, испешачија околу дваесет километри.

MarsFevruarskipohod2 fin

Попатно колоната од учесници во маршот направи одмор на превојот меѓу селата Папрадиште и Богомила за околу 15 часот да пристигне во планинарскиот дом во селото Папрадиште. Таму за учесниците во маршот беше организиран зедничкиот ручек и на учесниците им беа доделени благодарници за учество.

Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата ,одвикнување од лошите пороци на секојдневието и продолжување на традицијата.

Маршот беше одржан во организација на Спортското планинарско друштво „Зелен рај“ и поддржано од Еколошката групација „Грин пауер“ кои несебично помогнаа за успешната реализацијата.

MarsFevruarskipohod3 fin

-Успешноста на манифестацијата се должи и на поддршката од Општина Чашка како и на градоначалник Горан Стојановски, кои се генерални покровители на маршот. СПД „Зелен рај“ им изразува голема благодарност со уверување дека во наредните години уште повеќе ќе го омасовиме и поуспешно ќе го организираме маршот, рече Зоран Игновски претседател на СПД „Зелен рај“.

Marsfevruarskipohod4 fin

Тој упати благодарност и за фирмите кои годинава покажаа општествена одговорност и беа помагатели на „Февруарски поход 2020“./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново