Маршот „Февруарски поход 2019“, изминатиот викенд, се одржа по осми пат
Традиционално, по осми пат, изминатиот викенд се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход 2019“ од село Гостиражни до село Папрадиште. Над 40 планинари, од Велес, од Скопје и од Битола беа учесници во маршот. Маршот за старт го имаше селото Гостиражни од каде членовите на планинарските друштва „Грин пауер“, „Китка“ и „Металург“ заедно со ученици и пензионери, испешачија околу дваесет километри.
Попатно колоната од учесници во маршот направи одмор на превојот меѓу селата Папрадиште и Богомила за околу 15 часот да пристигне во планинарскиот дом во селото Папрадиште. Таму за учесниците во маршот беше организиран зедничкиот ручек и на учесниците им беа доделени благодарници за учество.
Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата ,одвикнување од лошите пороци на секојдневието и продолжување на традицијата.
Маршот беше одржан во организација на Спортското планинарско друштво „Зелен рај“ и поддржано од Еколошката групација „Грин пауер“ кои несебично помогнаа за успешната реализацијата.
-Успешноста на манифестацијата се должи и на поддршката од Општина Чашка како и на градоначалник Горан Стојановски, кои се генерални покровители на маршот. СПД „Зелен рај“ им изразува голема благодарност со уверување дека во наредните години уште повеќе ќе го омасовиме и поуспешно ќе го организираме маршот, рече Зоран Игновски претседател на СПД „Зелен рај“.
Тој упати благодарност и за фирмите кои годинава покажаа општествена одговорност и беа помагатели на „Февруарски поход 2020“./У.Ј