МВР: Ја силувал поранешната сопруга, превртено возило со мигранти

Објавено на 11 март, 2019 во 15:27

policija kavadarci29 годишна кавадарчанка пријавила во полиција дека нејзиниот поранешен сопруг врз неа извршил обљуба. Од полицијата го потврдија настанот.

„ Вчера во 9 часот во кавадаречката полиција беше пријавено дека околу 05 часот кога се враќала во својот дом жената  ја пресретнал нејзиниот поранешен сопруг (32 години) од Кавадарци кој извршил обљуба врз неа. Сторителот е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител од ОЈО-Велес “ информираат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден околу 20 часот на автопатот Гевгелија – Неготино кај клучка за Демир Капија, патничко моторно возило „Мицубиши“ со германски национални ознаки, управувано од Џ.Н. (24) од с.Арачиново-скопско, излетало од коловозот. Во возилото се превезувале 15 мигранти (од Иран, Пакистан, Авганистан). Во незгодата нема повредени лица. Џ.Н. и мигрантите биле приведени за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот./A.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.