Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

filipce kavadarci1Болницата во Кавадарци нема да биде затворена - потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој присуствуваше во оваа здравствена установа на одбележувањето на светскиот ден на здравјето 7 ми април  и рече дека ќе продолжи трансформацијата во регионален центар на оваа болница.

„Прочитав шпекулации дека имало идеја да се затвори кавадаречката Општа болница со проширена дејност. Искрено да ви кажам, тоа не е точно. Напротив, ќе продолжиме, како до сега, така и преку новите модели на приватно јавно партнерство, сите институции да ги унапредуваме. Влез и отворен пат за приватен капитал во нашите болници, не значи затворање. Напротив, значи унапредување на условите за лекување на сите наши пациенти, но и за платите и придонесите на здравствените работници. Согласно на искуствата од развиените европски земји“ рече министерот.

Тој говореше и за постигнатите резултати досега во трансформирањето на болницата во Кавадарци во регионален центар. Рече дека наскоро ќе се работи и на изведба на просториите каде ќе се смести единствениот центар за палијативна нега во земјава. Кажа дека досега се дадени согласности за нови 45 вработувања во оваа болница.

Директорот на болницата, д-р Диме Коцев ја оцени минатата година за најуспешна во 30 годишното работење на оваа здравствена установа. Говореше за сработеното, а нагласи и дека во наредниот период ќе се инсталираат апарати за подобра здравствена услуга на граѓаните./A.Д

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/09/2019 година.