Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

60344974 2415267595363954 4126792770578808832 n

Општина Кавадарци  продолжува со отпочнатиот проект за реконструкција на фасадите на зградите кои се во централното градско подрчје, со што се менува и самиот лик во ценарот на градот. Со проектот се опфатени и колективните станбени згради, кои се утврдени како објекти од значење за Општина Кавадарци.

Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите - информираат од прес службата на општината.

Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Деновиве се одвиваат градежните работи на зградите бр.51, и бр.53, на ул.„7-ми Септември“. Во наредниот период ќе продолжи со градежни работи на зградите: бр.13, ул.„Браќа Хаџи-Тефови“, бр.2, ул.„Благој Крстиќ“, каки и на објектите: бр.1 на ул.„Фердо Росомански“, бр.2 (источна фасада), ул.„Тиквешко Востание“ бр.2, ул.„Илинденска“ бр.11 (Халк Банка), ул.„Илинденска“ – Водостопанство Тиквеш, ул.„Илинденска“ бр.32 (стара Палма), ул.„Илинденска“ бр.67 (Тутунска банка), а ќе се интервенира и на Општинската зграда, јужна фасада (заден дел).


58113367 2399375736953140 5653442649743425536 o

Претходно целосно беше реконструирана зградата на домот на културата „Иван Мазов Климе“. Од општината нагласуваат дека при извршувањето на активностите, се спроведуваат неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните.

За оваа намена општината ќе инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот на општината. Изведувач на работите е кавадаречката фирма „Метал Апостолов“./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Kozuvcanka Fakti 300x250px 01

Најново