Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Drekselmajer fin

2.07.2020

По регистрираните двајца вработени позитивни на коронавирус, што не се поврзани меѓусебно, и за кои од „Дрекслмајер“ соопштија дека заразувањето е од приватни контакти со пријатели а не во компанијата менаџерите го освен нив во самоизолација одлучиле да ги испратат и сите вработени кои според работните места се наоѓале во нивна непосредна близина.


„Компанијата го следи својот изготвен план за справување со евентуален инфициран вработен и има изготвено протокол со кој би ги заштитиле и изолорале останатите засегнати колеги.
И понатаму здравјето и безбедноста на нашите вработени остануваат врвен приоритет.Вниманието на оваа тема во компанијата е на највисоко ниво од самиот почеток. Постојано сме во контакт со надлежните здравствени институции, ги спроведуваме сите превентивнимерки за заштита, како и дополнителни интерни протоколи наложени од нашата централа воГерманија, а според насоките на Роберт Кох Институтот“ напишаа од компанијата.

Тие апелираат на совесно однесување и делување на секој вработен од домот , за време на работата, но и во слободното време на вработените притоа посочуваат дека треба да се следат препораките на здравствените институции.

Во однос на интерните превентивни мерки, исто така , биле спроведени бројни активности како 200.000 заштитни маски (за еднократна и повеќекратна употреба) за вработените што мораат да ги носат и држење на соодветна дистанца кои биле контролирани од тим на вработени, транспортот за вработените со 50 проценти исполнет капацитет и со редовно мерење на телесната температура потоа редовно дезинфицирање како на рацете и обувките така и на производствените хали, дабрички простории, канцеларии,кафе-автомати, кујни, пушачки зони и поставување на плексиглас паравани на сите места каде не било можно да се одржи соодветно растојание и каде што дозволува просторот.

„Како потсетник за вработените, поставени се ознаки на повеќе локации во фабриката за одржување на минимум растојание помеѓу вработените и обезбедена просторија за изолација
Нашата компанија има дополнителни внатрешни протоколи кои гарантираат зголемени мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. За евентуален сомнителен случај на инфицирано лице обезбедена е посебна просторија за привремена изолација, сѐ додека лицето не ги напушти фабричките простории, пишува во соопштението на Дрекслмајер./А.Д

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново