Шест нови случаи на корона вирус во Тиквешијата – еден хоспитализиран
Објавено на 27 септември, 2020 во 14:05
27.09.2020
Четворица од Кавадарци по еден од Росоман и Неготино се новите позитивни случаи на ковид 19 во последните 24 часа, потврдија од ЦЈЗ.
Ново заболените се на возраст од 38 до 61 година.
“Едно лице на возраст од 50 години е хоспитализирано на инфективно одделение во болницата во Велес. Останатите се со симптоми но на домашно лекување. Само едно лице од новите позитивни било во контакт со позитивен, а останатите не знаат како се заразиле” информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски./А.Д